1:1 Консултации
Разјаснување. Стратегија. Насока.
Персонализирани видео или телефонски консултации дизајнирани да обезбедат јасни одговори, стручна анализа и конкретни насоки. Наменето за рекреативни вежбачи и натпреварувачки атлети и спортисти.
За кого е наменето?
Рекреативни вежбачи
Овие консултации се идеални ако:
- Тренираш редовно, но се чувствуваш заглавено, несигурно или збунето
- Не си сигурен/на дали твојот тренинг, исхрана или суплементација се оптимални
- Сакаш оптимизација на патот до твојата цел (слабеење, мускулна маса, рекомпозиција)
- Си збунет/а од контрадикторни фитнес информации
- Сакаш јасност пред да се одлучиш за долгорочна соработка
Атлети и спортисти
Овие консултации се идеални ако:
- Си атлета, спортист/ка или природен/на бодибилдер/ка кој/а бара стручна насока
- Сакаш анализа и дискусија околу твојата тренинг структура, опоравување или стратегија
- Си во off-season, preparation или transition фаза и ти треба насока
- Ти е потребно второ, објективно стручно мислење
- Сакаш насоки кои не се базирани на hype, shortcuts или трендови
Исхрана, суплементација и здравје
Овие консултации се идеални ако:
- Не си сигурен/на дали твојата исхрана ја поддржува фитнес целта
- Сакаш безбедна и ефикасна оптимизација на твојот план за суплементација
- Имаш минати повреди, здравствени состојби или ограничувања
- Сакаш одлуки базирани на докази — не на мислења или трендови
Оваа консултација НЕ е за тебе ако:
- Бараш само мотивација
- Очекуваш целосна тренинг, нутритивна или суплементарна програма
- Не си подготвен/а да ги примениш добиените насоки
Ова е структурирана професионална консултација, не мотивациски говор или целосна програма.
Што можеш да очекуваш?
За време на консултацијата ќе:
Ги анализираме твоите тренинг, исхрана, суплементација и lifestyle
Ги идентификуваме лимитирачките фактори, неефикасностите и грешките
Дефинираме реални цели и временска рамка за остварување на истите
Оптимизираме стратегија според информациите кои ќе ги споделиш
Одговориме на конкретни прашања
Дефинираме јасни следни чекори кои ќе можеш веднаш да ги имплементираш
По разговорот ќе имаш јасност, структура и конкретна насока.
ВАЖНО: КОНСУЛТАЦИЈА ≠ ТРЕНЕРСТВО
Консултацијата е еднократна советодавна услуга! Не вклучува:
- Изработка на програма
- Континуирани прилагодувања и модификации
- Неделни check-in извештаи
- Следење или долгорочна поддршка
Доколку сакаш долгорочна структура, следење и поддршка — онлајн тренерство е соодветната услуга за тебе.
Како функционира?
Резервирај термин за консултација
Избери соодветен и слободен термин преку системот за закажување.
Пополни краток прашалник
Ова ми овозможува однапред да се подготвам, со цел разговорот да биде максимално ефикасен.
Консултација
Видео или аудио повик по твој избор. Ефикасен. Структуриран. Практичен.
Опционално снимање
По барање, консултацијата може да биде снимена и приватно споделена за твоја референца.
Формати и цени
Единечна консултација
Најдобра за разјаснување, насока или решавање конкретен проблем.
Пакет консултации
Идеално решение за подлабока анализа, follow-up сесии или натпреварувачко планирање.
Во зависност од бројот на сесии и комплексноста.
Точната цена се дефинира пред закажување.
Финална напомена
Оваа услуга е наменета за луѓе кои ценат:
- Јасност наместо конфузија
- Наука наместо трендови
- Искрено и објективно водство
- Ефикасно користење на времето
Ако сакаш некој да ти го каже она што сакаш да го слушнеш — ова не е за тебе.
Ако сакаш некој да ти каже што навистина функционира — на вистинското место си.
Точната цена се дефинира пред закажување.