Тренерство за Спортисти & Природни Бодибилдери
Селективно тренерство и водство дизајнирано за сериозни, компетитивни и професионални спортисти и природни бодибилдинг натпреварувачи фокусирани на долгорочен развој — не на шорткати.
За кого е наменето?
Оваа програма и водство се соодветни за тебе ако:
- Си спортист (маж или жена, било кој спорт) или природен бодибилдер (маж или жена)
- Цениш структурирани тренинг, исхрана и суплементација
- Даваш приоритет на долгорочен развој и пристап, а не само краткорочен хајп
- Подготвен/а си да следиш план со конзистентност и дисциплина
Овој коучинг НЕ е за:
- Лица кои бараат кратки патишта и инстант резултати
- Лица заинтересирани за злоупотреба на стероиди или супстанции за подобрување на перформанс
- Лица кои не се подготвени да се посветат на структуриран процес
- Лица кои мислат дека се поголеми „тренери" од тренерот
Филозофија на мојата работа
Атлетскиот и физичкиот развој бара:
Паметно програмирање
Исхрана прилагодена за максимален перформанс и регенерација
Суплементација што реално делува и ќе помогне во остварување на целта
Оптимизација и менаџирање на опоравување и регенерација
Објективно носење одлуки, базирани на податоци, не емоции
Компетитивниот спорт бара значајна инвестиција: време, труд, дисциплина, конзистентност и жртва. Ако напредокот е твој вистински приоритет, оваа соработка бара целосна посветеност.
Процесот на соработка со секој спортист ќе биде 100% индивидуализиран и ќе се базира според:
Што да очекуваш?
Соработка со спортисти и атлети вклучува:
Целосно индивидуализирана тренинг структура
Нутритивна стратегија и програма усогласена со целите и животниот стил
Протоколи за суплементација за поддршка и оптимизација на здравје, перформанс и опоравување
Фазно планирање (off-season, подготовка за натпревар, цикличен пристап, враќање по повреда)
Редовна евалуација на напредок и модифицирање по потреба
Директна комуникација, достапност и одговорност
Ова е тренерство, не шаблон.
Натпреварувачки и развојни патеки
Работам со:
Природни бодибилдинг атлети (мажи и жени)
Атлети од индивидуални спортови
Атлети од тимски спортови
Атлети фокусирани на натпреварувачки физикус
Атлети фокусирани на подобрување сила и перформанс
Искусни натпреварувачи, како и оние кои се спремаат за својот прв натпревар
Целите се планираат врз основа на моменталната подготвеност и состојба на атлетата и временска рамка.
Искуства од успешно водени атлети
Текст или фотографии од атлети со кои сум работел.
Photo / text
Photo / text
Photo / text
Пристап само преку аплицирање
Типот на оваа соработка е селективен. Сите атлети се прифаќаат исклучиво преку апликација, со цел да се обезбеди усогласеност и да се потврдат посветеноста и реалните очекувања.
Аплицирај за Тренерство за Спортисти & Природни БодибилдериАпликациите ги разгледувам лично.
Доколку бидеш прифатен/а, следните чекори ќе бидат дискутирани приватно.
Финална порака
Ако бараш:
- Искрено и професионално водство
- Природен (drug-free) напредок
- Тренер кој дава приоритет на здравје и долговечност, перформанс и одржлив прогрес
- Реални резултати
На вистинското место си!
Важна напомена:
Натпреварувачкиот спорт и природниот бодибилдинг носат неизбежни ризици, вклучувајќи повреди, замор и стрес, како и периоди во кои спортските цели имаат приоритет над комфорот. Мојата улога е да го минимизирам непотребниот ризик, да го приоритизирам долгорочното здравје и да носам оптимални одлуки, но сепак ризикот никогаш не може целосно да се елиминира.